Коментари

За време на одмори менуваат Закон за урбанизам, пратениците да се борат против промените нарачка од урбаната мафија, повикуваат граѓани

Повторно обид да се смени закон на начин на кој ѝ одговара на урбаната мафија, алармира „02 иницијатива“ од каде посочуваат дека тоа се прави по скратена постапка за време на летни одмори.

„Повторно исто сценарио! Експресни измени во Законот за урбанистичко планирање и тоа за време на летните одмори! Повик до сите пратеници да не ги гласаат подолу издвоените измени и да бараат истите да бидат отстранети од предлог-законот! Закон со толкав импакт се менува фреквентно поради актуелната потреба, а не се става на здрава основа, осмислен и усогласен со сите други актуелни, па и планирани закони со кои се преклопува. Зошто овој повик до пратениците?! Што се планира со предлог-законот?!“, велат од „02 Иницијатива“ и додаваат:

„Еве ги издвоените измени во Предлог-законот, па проценете самите: се предлага БРИШЕЊЕ на одредбата со која јасно е утврдено дека урбанистичките планови кои започнале по старите закони и не успеале да се завршат во рок од 4 години од стапување на сила на законот (18.02.2020), истите да продолжат по новиот закон. Со бришење на овој дел, ќе се овозможи стариот закон неограничено да се користи, наместо ДУПовите конечно да тераат по сегашниот закон. се планира да се ИЗБРИШЕ делот кој уредува ако нема согласнот од Министерство за транспорт, одлуката за носење на урбанистичкиот план да е ништовна и министерот за транспорт да донесе решение за забрана на применувањето на планот. Со бришење на овој дел ќе се овозможи носење на ДУП без согласност и потоа оди докажувај се пред Уставен суд со годинии, а во меѓувреме ќе си се гради и ќе си се гради по тој ДУП. се предлага БРИШЕЊЕ на одредбите поврзани со обврската за обезбедување на потврда за урбанистичка усогласеност, со објаснување дека во пракса оваа одредба не се применува поради неусогласност со актуелниот Закон за градење. Зошто тогаш Законот за градење не се измени, за да може да се спроведе оваа одредба?! се планира САМО со урбанистички проект да се реализираат катни гаражи за кои не е донесен детален урбанистички план. Измените се ставени по скратена постапка на собраниска седница во понеделник, 12.8.2024“.

На ова реагираа и од граѓанската иницијатива „Борба за Влае“.

„По скратена постапка, за време на летни одмори.Колку и да се надеваме дека работите ќе тргнат на подобро со тоа што ќе почне да важи закон кој ги условува општините да почнат да планираат хумано, ставајќи го на прво место интересот на жителите наместо на инвеститорите, сепак политичарите успеваат да нѐ вратат на старото лошо статус кво. Наместо да се потрудат да го подобрат животот на граѓаните (кои се нивни гласачи) политичарите повторно „по скратена постапка“ ги изигруваат нашите интереси. Бараме од сите пратеници да гласаат против овие промени. Гласно да застанат против измените во законот за урбанистичко планирање и да се борат против секоја промена нарачана од урбаната мафија.

На почеток