Што сме скривиле на Бога најголемата глупача да стане министерка за образование? Следно ќе ги воведе турските серии како задолжителна лектира, критикува Најчевска
По жестоките критики, професорката по право, Мирјана Најчевска, упати и навреда кон министерката за образование Весна Јаневска. Откако Јаневска посочи дека во новата учебна година ќе има учебници за сите одделенија освен учебници за странски јазици, Најчевска ја нарече „најголема глупача“.
„Добро бре што сме скривиле на Бога најголемата глупача да стане министерка за образование? Следно ќе ги воведе турските серии како задолжителна лектира за учење на традиционалните вредности? Дај бре сменете ја пред да не закопа во фекалии до грло“, напиша Најчевска.
Министерката за образование Весна Јаневска кажа дека во новата учебна година ќе има учебници за сите одделенија, освен учебници за странски јазици. Сепак, како што вели таа, тоа нема да биде проблем бидејќи децата учат јазици од серии и поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странскиот јазик.
„Јазикот е жив, знаете децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на страниот за нив јазик, именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа“, кажа Јаневска денеска на увидот во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во село Булачани.