Свет

Жители на Индонезија продавале бебе преку Инстаграм

Полицијата во Индонезија уапсила четири лица поради сомнение за обид за продажба на деца преку социјалната мрежа Инстаграм.

Според локалните медиуми, станува збор за Инстаграм профил кој нудел услуги за решавање на семејни проблеми и истиот го следеле повеќе од 700 лица. На профилот можеле да се забележат фотографии од бебиња, трудници, скриени ликови, со детални информации за нивната возраст, место каде се наоѓаат и нивната религија.

На профилот бил оставен и контакт телефон, со цел заинтересираните да ги контактираат преку апликацијата WhatsApp.

Од полицијата соопштуваат дека се приведени четири лица, откако била забележана трансакција на 3 септември оваа година. Според нив, 22 годишна жена, се обидела да го продаде своето 11 месечно бебе. Купувачот требало да плати 15 милиони рупии на мајката, 5 милиони рупии на брокерот и 2,5 милиони рупии на сопственикот на Инстаграм профилот.

Според полицијата на сите четири лица кои биле вклучени во продажбата им се заканува казна затвор од 15 години, поради кршење на законот за заштита на децата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток