Скопје

Немало пожар, туку пареа, тврдат од ЈСП за автобусот кај Бит Пазар – снимки од дел од расипаните автобуси во текот на месецов

Немало пожар, туку пареа, тврдат од ЈСП за автобусот кој утрово пред Бит Пазар остана дефектен, а граѓани сведочат дека се запалил. Според ЈСП, било скинато црево за антифриз. За нив, тенденциозно е да се информира дека автобусите постојано се расипуваат.

„Тенденциозна е намерата дека постојано имаме случаи на запалени автобуси по скопските улици, земајќи го предвид фактот дека просечната старост на автобусите е 13 години и оттука произлегува потребата за набавка на нови автобуси во возниот парк на ЈСП. Имено, станува збор за пареа, а не како наведеното дека се работи за пожар. Во истиот момент кога се случил дефектот (скинато црево за антифриз), возачот реагирал исправно по што бил спремен и го извадил ПП апаратот, но не го употребил“, велат од ЈСП.

Сепак, како што и претходно информиравме, скоро секојдневно автобуси на ЈСП остануваат дефект по скопските улици, на што сведочат граѓаните. Па така, вчера, беше интервенирано на автобус кој вози на линија 5-ка.

Пред два дена, беше влечена со камион автобус на линија 22-ка.


Во автобусите, минатата недела имаше и инцидент со контролор, по револт на патничка која не платила карта бидејќи автобусот доцнел цел саат.


Минатата недела, исто така дефект остана и 58-ца, чиј возач со саати чекаше помош од колегите.


Истиот период, имаше и расипан автобус и на Рекорд, кој беше влечен до база.


Исто така пред седум дена…


На 12 август, автобус се расипа на Илинденска.


И ваквите случаи можеме да ги редиме уште куп. Потсетуваме дека претходно се запанија два автобуси во Бутел и под Железничка. Притоа, еден автобус имаше сообраќајка, а возачот тврдеше дека е технички неисправен.

На почеток