Македонија

Муцунски: Разочаран сум што гледам научник платен од државата да врши научна работа, како се обидува себеси политички да се профилира

Тимчо Муцунски бил разочаран што еден научник, кој бил доста платен да врши научна работа а се обидува политички да се профирила и покај тоа што се уште не му бил истечен мандатот. Во следните неколку недели, промени ќе има и во комисијата со Грција.

Уште на почетокот на мандатот, разбирајќи го значењето на двете комисии, се сретнав со амбасадорот Габер и професорот Ѓеоргиев. Да добиеме слика што работеле, што постигнале. Сметам дека заради специфичноста на нивната работа, не можеме се да објавиме, но прилично сум изненаден, што деновиве гледам еден научник, кој е доста платен да врши научна работа а се обидува политички да се профирила, и покрај тоа што е се уште во мандат. Со тоа се поткопуваат надворешните политички позиции на државата. Ние политичарите имаме легитимитет за политичка работа, а научниците научна работа. Разочаран сум од таквиот пристап. Според разговорите со Мицкоски, факт е дека треба да има промени. Имаме свои забелешки но ќе ги задржам за нас. Би дал еден совет, за да бидеме успешна држава, сите да го работиме она за кое сме поставени бидејќи ова е специфична работа и мора да бидеме максимално внимателни. Ние имаме обврска да креираме надворешна политика, а тие што доаѓаат од научната фела да работат само во нивната област а интересот на државата да биде пред се и над се. Ќе има е промени во следниве недели а ќе има и одреден континуитет и во двете комисии, изјави Муцунски.

Промените во експертската комисија со Бугарија премиерот Мицкоски ги најави минатиот месец, со образложение дека актуелниот состав не ги исполнил очекувањата бидејќи не ги штител националните интереси. За конкретизирање на имињата на новите членови на Комисијата Мицкоски рече дека ќе се консултира со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

На почеток