Македонија

Годинава нема да проработат сите операциони сали на Клинички: Почеток на идната година ќе има нова компресорска станица

И со преполовени операциони сали, докторите добро се снаоѓаат на Клиниката „Мајка Тереза“. Ова е ставот на министерот за здравство, Арбен Таравари, кој посочи дека се уште не знае дали едната пријавена фирма ги исполнува условите. До крајот на годинава, нова компресорска станица нема да има.

„Почеток на идната година се надевам дека ќе има нова станица“, рече Таравари.

Тој најави дека ќе се бара чаре за да се поправи и старата, која би била резерва на Клиниката.

На почеток