Скопје

ФОТО: Гори ли гори Скопјево наше

Гори ли гори Скопјево наше, депонијата во Шутка веќе две и пол недели, Вардариште во Гази Баба стандардно, во Сарај кај Лека, Крушопек исто, загадувачи колку сакаш, реагираат од О2 Иницијативата, објавувајќи и фотографии.

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

Одговорите од надлежните се:

„Не палете отпад“ – Казни видовме? Колку? Кој е казнет? Како се очекува тие што палат да престанат?! Нешто се припотресоа еве гледаме, па гори цело Скопје.

„Не можеме да стражариме цело време“ – Па, ако во град каде живее пола од државава ви гори депонија повеќе од две и пол недели, не стража, туку цела екипа треба да работи нон-стоп за да се исчисти тој дел и почне итен процес на рекултивација. За Варадриште да не збориме, Сарај, Лека, Крушопек…

„Непознат сторител“ – Камерите за што се? Има камери по улициве, а на местата каде постојано се пали, поставете камери да го покријат теренот за да има познат сторител. Во Парк-шума Водно и во други шумски и заштитени подрачја, поставете камери и систем за итно реагирање, за екипи да се пуштат веднаш, на самиот почеток, а не откако ќе букне, па тешко се гаси

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток