Македонија

Села: Јас не го палев Парламентот, други го палеа

Целта на Законот за правата на бранителите и нивните семејства, кој е предложен, е со цел дестабилизација на земјата, рече Зијадин Села во „Претрес” со Кристијан Ландов.

„И другите“, рече, „имаат права. Двете страни кои се судрија во 2001 треба да уживаат исти права.“

,„Тоа би бил добар почеток за да не дојде до дестабилизација”, рече Села, кој немаше одговор на прашањето каде е регистрирана УЧК.

Се потсети на изјава од пред десетина години дека ако се донесе Закон за бранители ќе го запали Собранието. На прашањето дали сега ќе го пали Парламентот одговори:

„Јас не го палев Парламентот, други се тие кои го палеа Парламентот”, рече Села, алудирајќи на настаните од 27 април.

На почеток