Македонија

Станислав Балабанов: Политичарите во Македонија нема да ја видат ЕУ со вакво однесување

Во врска со телевизиското интервју на вицепремиерот и министер за транспорт на Република Северна Македонија, Александар Николоски, Станислав Балабанов од „Има таков народ“, вели дека Македонија нема да ја види ЕУ со такво однесување, пренесуваат бугарските медиуми.

„Северна Македонија нема да мириса на ЕУ, ако случајот стигне до ИТН, додека не го исправат своето однесување, својот начин на зборување, не ги почитуваат сите елементи на договорите“, додаде Балабанов, пренесуваат бугарските медиуми.

Тој е на мислење дека не е претерано барањето од бугарските политичари за оставка на вицепремиерот на РСМ Николоски и за отповикување на амбасадорот на земјава во Софија.

На почеток