Таравари: На повикот за вработување на приватни специјализанти се пријавија 480 доктори од вкупно 600
Таравари денеска ја посети Клиничката болница во Штип.
Информираше дека голем дел од дефицитот на лекарски кадар во здравството ќе се надомести со приватните специјализанти.
,,Голем дел од дел од дефицитот на лекарски кадар во здравството ќе се надомести со приватните специјализанти од кои на последниот повик се пристигнати околу 480 апликации, а ќе се постапува според интересот на болниците. Се надевам дека во првите 300 доктори, дел од нив, можеби повеќе од 10, ќе ги ангажираме во Штип.
Разговаравме и со директорот, и кај него дошле специјализанти кои изразиле интерес, но и кај нас се дојдени, апликаците се веќе собрани, околу 480 доктори од вкупно 600, нормално, ќе постапиме по интересот на болниците. За во Штип информацијата е дека некаде околу 30 доктори изразуваат интерес, не само од Штип туку и од околните места, ќе постапиме според тоа што ќе го каже директоорт дека е приоритет.”, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.