Спорт

Македонијо радувај се: Марија Димовска е прв светски првак од Македонија во јуниорски кикбокс

Марија Димовска е првиот јуниорски светски првак од Македонија во кикбокс. Нејзиното име се впиша и во табелата како првата девојка што стана светски првак во кикбокс во светската организација WAKO, во која членува Македонската кикбокс и маитаи федерација.

Screenshot

Димовска во финалето на првенството, со 2-1 ја победи кикбоксерка Мија Лијамичев од Израел. Тие се натпреваруваа во дисциплината лоу-кик за млади јуниори до 60 килограми и успешно ги одбрани боите на македонската репрезентација.

На почеток