Детали од операцијата во која загина шефот на Хезболах: Израелците го нападнаа со 80 тони бомби
Бомби тешки повеќе од 80 тони се употребени во израелски воздушен напад во кој беше убиен водачот на проиранската милиција Хезболах, Хасан Насрала во Бејрут, објавија израелските медиуми во неделата.
Бомбите, вклучително и бомбите „бункер-бастер“ кои можат да навлезат во утврдени структури, беа фрлени од формација од најмалку 10 борбени авиони врз подземниот штаб на Хезболах во јужен Бејрут во петокот, се вели во соопштението.
Нема официјална потврда за извештајот.
По нападот расте загриженоста за одмазда или сеопфатна војна на Блискиот Исток.
Насралах беше убиен во петокот во израелски воздушен напад врз комплекс лоциран под станбени згради во предградието на либанската престолнина Бејрут.
Шиитската милиција Хезболах е еден од најважните сојузници на Иран во борбата против нивниот заеднички непријател, Израел.
Околу милион луѓе кои живеат во Либан се принудени да ги напуштат своите домови поради израелските воздушни напади, изјави Насер Јасин, министерот кој го координира одговорот на либанската влада на кризата.
Неговото министерство тврди дека повеќе од 1.000 луѓе се убиени, а најмалку 6.000 се ранети како резултат на израелските напади во последните две недели.