„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Левица: За вработените во образование утврдена минимална плата пониска од минимална

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6833

,,По неколку „tet-a-tet“ средби на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, со ресорната Министерка за образование, Весна Јаневска, двајцата ставија потпис на „историски“ документ: спогодба за платите во образование. Спогодбата ја игнорира најниската плата во државата која за сите, освен за вработените во образование е 22.567 денара.

— реклама —

За вработените во образование по волја на Неделков и Јаневска, таа изнесува 20.245 денари, и тоа истата ќе биде пресметувана како бруто износ! Во пракса ова значи дека редица коефициенти за степен на сложеност во образование ќе се изедначат со тој од минималната плата, а наставниците ќе добијат 0,7%, односно околу 200 денара повеќе. Но, затоа пак директорите ќе имаат до 45% покачување!

Овде, кај ова беззаконие и измама завршуваат сите приказни за заложбите на ВМРО- ДПМНЕ да го унапреди образованието. Образованието не се унапредува со уназадување на социјалната положба на просветните работници!

— реклама —

Не во празните зборови, туку низ буџетските ставки се гледа кои се вистинските приоритети и за што се залага оваа власт: 35 милиони евра за трет универзитет на албански јазик, наспроти минимална плата пониска од со закон утврдената за наставниците и учителите се јасен показател каде плови бродот на чие кормило е Мицковски.

Наставниците сè погласно најавуваат дека ќе одржат показна вежба колку е 0,7% наспроти 78% за колку што се зголемени платите на функционерите во државава.

Левица секогаш застанува на страната на послабите, така што и сега ги поддржува наставниците во нивната борба.

За да имаме квалитетно образование и образовани ученици, треба да имаме и мотивирани наставници. Професорите не треба да бидат вака девалвирани, туку финансиски мотивирани.

Не смее да продолжи да се кине таму што е тенко, туку напротив - наместо да се даваат средства за мегаломански објекти и за мегаломански плати за функционерите, треба да се зајакнат платите на просветните работници, чија работа е основа за образована младина.”, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-4810PM

Смртта на новороденчето на ГАК е резултат на систем што штити хиерархија, а не живот, вели Левица

Македонија | пред 9 часа

ivica-tomovski

Левица ќе достави фотографии до Антикорупциската комисија во предметот за „Сити Аутсорсинг“ и директорот на СОЗР, Ивица Томовски

Македонија | пред 1 ден

media-libraryurdlg2hik65qcX4p8dm

Левица: Дали Митески чека трагедија за да го затвори „Зимзоленд“?!

Скопје | пред 2 дена

media-library427q3l4ohrij3SeTTZ8

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања