(Видео) Велија ги брка на клоци инспекторите, а имаше многу политика и шпекулации, вели екссудијата Туфегџиќ за истрагата против А1 ТВ
Од
Објавено на
Владимир Туфегџиќ, екссудија кој ја водеше истражната постапка пред А1 Телевизија да се затвори, во поткастот „Претрес со Ландов“ за првпат зборуваше за процесот, но и однесувањето на газдата Велија Рамковски кој доби висока затворска казна. Кажа дека прво си го поставувал прашањето зошто со години УЈП не правела контроли во А1 Телевизија, за потоа, да го добие одговорот преку обезбедени видео снимки.
„Има таму една снимка кај што Велија ги брка на клоци инспекторите“, екссудијата Туфегџиќ за А1 Телевизија и постапката.