Вечерва пламени јазици ја уништуваат трската е во селото Радожда на источниот брег на Охридско Езеро кое исто така е дел од општината Струга.
Веќе еден месец Охридско Езеро на територијата на општина Струга е изложено на намерно подметнување пожари и масовно уништување на живиот свет во езерото и на брегот со цел да се уништи целата природа ( која е под заштита на УНЕСКО и под заштита на законите на Република Северна Македонија кои никој не ги почитува ).
Јавна тајна е дека тоа се прави за потоа тука да се изградат дивоградби ( угостителски објекти и сместувачки капацитети ) кои некој смислил да ги легализира со законот кој го најави Владата, а со кој треба да се легализираат новите довиградби.
УМРЕ ДРЖАВАТА
Граѓаните на Северна Македонија секојдневно коментираат дека повеќе не функционира ни еден дел од системот на владеење и се погласно се коментира дека чесните луѓе се оставени сами на себе.
Полицијата до сега нема откриено ни еден потметнувач ( инвеститор во објектите ) ниту има превземено било какво дејствие по лудилото кое се случува пред очите на сите.