Фенербахче покажа дека е подготвен повторно да тргне по титулата во Евролигата, откако тимот на Жељко Обрадовиќ беше доминантен против Гран Канарија стигнувајќи до победа од 97:72.
По фуриозниот старт, Фенер имаше 22:10 по првата четвртина, по што рутински ја зголемуваше предноста во текот на мечот. Јан Весели уфрли 19 поени, Никола Калиниќ додаде 16, додека за шпанскиот клуб најефикасен беше Еванс Кристофер со 13.
Шампионот од регионалната АБА лига, Будуќност имаше неславно деби во Евролигата, губејќи со 71:82 од Милано по катастрофалниот старт на мечот во кој губеа со 15 поени разлика. Владимир Мицов беше најефикасен за Милано со 15 поени, додека Ерл Клар со 22 и Едвин Џексон со 12 беа најдобри за црногорскиот клуб.
Басконија пак, триумфираше на гостувањето во Каунас кај Жалгирис со 87:79, додека Химки беше „растурен“ во Русија од Олимпијакос со 66:87.