Македонија

Забрана за товарни моторни возила на патен правец Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТМВ: Во 16.30 ч на патниот правец крак Маврово – Дебар воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Во 17.50 ч воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

СОСТОЈБА:Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,додека во Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато има остатоци од кашест снег по интервенција на нашите дежурни служби. Врнежи од снег има на планинските превои Стража, Ѓавато и во Маврово.

ВАЖНО: Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Потсетување за возачите, дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток