Свет

(Видео) Големи поплави во Барселона, пристигнуваат првите снимки

Невремето со дожд ја напушти шпанската провинција Валенсија, откако загинаа најмалку 217 луѓе, и ја погоди Каталонија, каде метеоролошката служба повика на голема претпазливост.

Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „метеоролошката криза заврши во провинцијата Валенсија“ каде што продолжува потрагата по исчезнатите.

Но, во исто време службата ги повика жителите на Каталонија, соседна провинција со 7,5 милиони жители, да бидат крајно внимателни поради обилните дождови.

Сообраќајот на приградските возови е прекинат во Каталонија поради неповолните временски услови и предупредувањата за обилни врнежи, објави операторот Rodalies de Catalunya на својата веб-страница. Возовите во сообраќајот, сепак, ќе пристигнуваат на нивните дестинации.

На почеток