Македонија

Иванов ќе бојкотира: Не се откажувам од мојата заклетва

За прв пат отворено и децидно претседателот на Македонија Ѓорге Иванов изјави дека ќе го бојкотира референдумот на 30 септември. Тој ги повика граѓаните да не дозволат некој да им ја контролира совеста, туку самите да одлучат дали ќе излезат да гласаат или ќе бојкотираат. Иванов ова го соопшти за време на говорот пред Обединетата македонска дијаспора во Детроит.

Што се однесува до мене, јас сега веќе сум гласал. Гласав пред 27 години, на 8 септември 1991 година. Јас бев еден од тие што го дадоа својот глас за Република Македонија да се конституира како суверена и независна држава, со име и достоинство. Не се откажувам од мојата одлука. Затоа на 30 септември нема да излезам да гласам. Кога ја преземав функцијата Претседател на Република Македонија, се заколнав дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Не се откажувам од мојата заклетва. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам“- рече Ѓорге Иванов , претседател на Република Македонија.

Оваа одлука на Иванов е добар пример зошто граѓаните не треба да постапат исто како него, му реплицираше во Скопје вицепремиерот Бујар Османи.

За бојкот на референдумот досега официјално се декларирале само неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, потоа Јанко Бачев од партијата Единствена Македонија и претседателот Иванов. Сите останати парламентарни партии и меѓународниот фактор се единствени во поддршка на референдумот за членство на земјата во НАТО и ЕУ, повикувајќи се на договорот за промена на името.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток