Македонија

Братучед на убиената Вања: Му пишав на Илон оти Александар бараше, морав бидејќи беше во агонија

Иво Нешковиќ, братучед на убиената Вања и внук на обвинетиот Александар пред судот сведочеше за моментите по исчезнувањето на девојчето. Раскажа и за две пораки кои ги добиле на социјалните мрежи од кои едната била дека Вања била видена како влегува во некој автомобил. Александар, побарал од сведокот да исконтактира со Илон Маск, па тој тоа се обидел да го направи.

„Вујко ми побара да му пишам на Илон Маск, Старлинг има 4000 сателити, тие се користат за комуникација немаат камера. Му напишав на Илон Маск неколку пати, и му пратив на вујко ми слика од мојот телефон само да го смирам бидејќи не можам да ви објаснам тоа беше агоноија. Јас не очекував тој да ми врати, кој сум јас Иво од Скопје, тој е Илон Маск. Вања имаше слика со НАСА и мислевме таа да му ја пратиме, но не стигнавме. Мајка ми беше таму таа ме известуваше, затоа што вујко ми не јадел не пиел, и јас и кажував да пие кока-кола да не колабира човекот“, рече Нешковиќ.

Сведокот додаде дека му позајмувал пари на Александар, но не му ги барал назад.

„Јас знам дека после разводот станот на улица ‘Наум Наумовски Борче’, Зорица му го препиша на Александар. Едниот стан на Партизанска требаше да биде на едната ќерка, на ‘Наум Наумовски Борче’ на другата. Не го познавам со Љупчо Палевски, никој од моето семејство, сме немале комуникација. Не ми кажал Александар дека комуницирал, името го дознав од медиуми. Немаше никакви долгови“, додаде тој.

На почеток