Македонија

Мојсоска: Извинете што во партијата ви труе на криминалци, багабонти и предавници

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска одговори на „лицемерието од Пешевска од ДПМНЕ“ која побара извинување од пратениците од Левица за вчерашното случување во Собранието.

Во продолжение – целата фејсбук објава на пратеничката Мојсоска:

„Колешката Жаклина Пешевска барала извинување, затоа што во нивната арогантна уфилманост – само нивните мајки и сестри се битни. Впрочем, како што и 30 години ги третираат како граѓани од втор ред сите оние кои не се партиски подлизурковци на нивната партија! Еве, јас ќе ѝ се извинам на колешката.

Извинете што бедни крадачи на вода како Зоранчо Јованчев добиваат пратенички функции.
Извинете што вашите уфилмани пратеници како Јованчев си градат дивоградби затоа што партијата ги штити.
Извинете што лик како Јованчев си ја има вработено пола фамилија во Кавадарци и тоа му е единствен “придонес” за државата.
Извинете што Зоранчо Јованчев стана познат единствено како пцујач во Собранието, затоа што во два мандати како пратеник одвај 10 пати излегол на говорница
Извинете што во партијата ви смрди и труе на криминалци, багабонти и предавници.

И за крај, извинете што дојдоа нова генерација во Македонија која не ви се плаши (како што сте навикнати да владеете) и генерација која нема да ги толерира вашите простачки дивјаци да ги пцујат нашите фамилии. И извинете што нашите фамилии, другари и кауза сме спремни бескомпромисно да ги браниме – нешто што вие никогаш нема да го научите!“

На почеток