Коментари

ФОТО: Груевски ги повика граѓаните да одат со него на суд

“Во врска со изјавата на портпаролот на СДСМ поврзана со градбата на патиштата ја информирам јавноста дека во овој случај, ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата не сме обвинети за земање на провизии како што тврди тој”, пишува експремиерот Никола Груевски на социјалните мрежи.

“Обвинението против мене е по истиот член 359 како во случајот за набавката на блиндираниот Мерцедес, влијание заради остварување корист.

Во случајот за Мерцедесот, користа исто така не е некаква провизија, туку наводната корист била што покрај останатите гости од странство и јас сум сакал понекогаш да бидам превезуван со тоа возило, и со тоа сум остварил корист.

Во случајот со патиштата користа за која СЈО ме терети е дека сум сакал со изградбата на патиштата како политичар да добијам политички поени од граѓаните пред парламентарните избори.

Кој не верува во ова нека повели на рочиште во судот да му го покажам и да го прочита обвинението во оргинал. Судските рочиштата се отворени за сите граѓани”, додава тој.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток