Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(Видео) Мицкоски: Нашата визија е јасна - сакаме јавна администрација која ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
thumbnail_27112024_MICKOSKI-8

„Денес зборуваме за една важна тема, која со годините многу малку била предмет на темелно студиозна анализа, ниту пак била предмет на еден професионален пристап, а тоа е администрацијата и мерките кои треба да се превземат за поголем квалитет на услугите коишто ги добиваме од администрацијата. Но и иновациите како важен предизвик на тој план“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

— реклама —

„Ова е тема која не само што го одредува квалитетот на услугите што ги добиваме како граѓани, туку и го обликува лицето на нашата држава.

— реклама —

Нашата визија е јасна: сакаме јавна администрација која ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност. Јавна администрација која нема да биде само сервис за граѓаните, туку и партнер во градењето на идните мерки и чекори.

— реклама —

Во изминатиот период, сите сме сведоци на предизвиците со кои се соочува администрацијата. Бавни процеси, недостаток на дигитализација, понекогаш и недоволна транспарентност и отчетност. Но и партизацијата која е отворен проблем, исто како и недоволната компетентност визави приватниот сектор. Овие проблеми не можеме да ги игнорираме – тие се реални, а за нив треба да се најдат решенија.

Нашите цели за реформа опфаќаат:

1. Дигитализација на услугите: Обезбедување што е можно повеќе услуги да бидат достапни онлајн, на еден клик од граѓаните. Со тоа ќе го намалиме времето за чекање и ќе го задоволиме она коешто го очекуваат корисниците од нас.

2. Ефикасност и професионалност: Ќе се залагаме за деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста.

3. Транспарентност и отчетност: Зајакнување на механизмите за надзор и отчетност. Секој граѓанин има право да знае како и каде се трошат јавните пари.

4. Намалување на бирократијата: Администрацијата треба да биде партнер, а не пречка за граѓаните и бизнисите. Работиме за поедноставување на процедурите и намалување на непотребните документи.

5. Вреднување на трудот: Потребен е систем за наградување на оние што работат вредно и чесно, за да ги мотивираме сите вработени во администрацијата да се стремат кон извонредност“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymt2ts3gu9cjf42hYEQd

Мицкоски: Ќе имаме 10 модерни операциони сали, нови следуваат до лето

Македонија | пред 9 часа

media-librarynk0ojngs8lnf6UXKozz

Мицкоски: Владата со нови вонредни мерки, се намалуваат акцизите на горивата, спречен нов раст

Македонија | пред 1 ден

media-library8rka6amil0a94Z35YqE

Филипче: Нема храброст кај Мицкоски да признае дека погрешил

Македонија | пред 2 дена

media-libraryds08q1od62ad8PfXuSa

Мицкоски: Далекуводот Битола–Елбасан ја затвора енергетската празнина на Коридор 8

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања