Свет

(Видео) Астероид изгоре над Русија, снимена спектакуларна огнена топка

Синоќа, астероид, официјално наречен 2024 XA1, влезе во атмосферата на Земјата и изгоре над Сибир, осветлувајќи го небото со драматична огнена топка. Објектот со дијаметар од околу 70 сантиметри е откриен само 12 часа пред да влезе во атмосферата, а сцената ја снимиле жители на регионот Јакутија.

Европската вселенска агенција (ESA) објави на социјалните мрежи дека астероидот влегол во атмосферата во 17:15 часот по средноевропско време.

„Астероидот привремена ознака #C0WEPC5 влезе во атмосферата над Јакутија, создавајќи спектакуларна огнена топка на која многумина сведочат“, се вели во соопштението на ЕСА.

Благодарение на астрономите ширум светот, системите за рано предупредување го предвидоа овој настан со неверојатна прецизност од само десет секунди.

Астероидот C0WEPC5 е само единаесеттиот објект откриен пред да влезе во атмосферата на Земјата, а четврти оваа година. Откриен е од опсерваторијата Кит Пик во Аризона, а последен пат е виден како создава светлосен спектакл над Јакутија. Не е јасно дали некој дел од астероидот го преживеал влегувањето во атмосферата и стигнал до земјата.

На почеток