„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

(Видео) Мицкоски: Потпишан е договор со ДМ- БАУ Интернационал за нова инвестиција од 7 милиони евра и 200 нови вработувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
10122024_NOVA-INVESTICIJA_MICKOSKI-2

„Договорот за државна помош кој се потпишува денес предвидува инвестиција од најмалку 7 милиони евра во следните 5 години и најмалку 200 нови работни места. Согласно последните информации добиени од менаџментот на компанијата, инвестицијата ќе го надмине овој минимален износ на кој договорно се обврзува“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Инвестицискиот план вклучува вложувања во купување на земјиште, целосна изградба на погоните и нивно опремување со машини и опрема за производство на модуларни објекти со различна намена. ДМ Бау Интернационал е дел од групација ДМ Бау – швајцарски производител на модуларни објекти со преку 100 години историја.

— реклама —

Покрај производството на ваквите објекти, компанијата се јавува и како изведувач на истите. Со годишен обрт од околу 10 милиони швајцарски франци, над 70 вработени и 30-тина проекти годишно, ДМ Бау се вбројува меѓу најголемите европски производител во овој сегмент.

— реклама —

Моменталното производство се одвива на две локации во Швајцарија, а плановите за интернационализација и зголемување на капацитетите ДМ Бау одлучи да го реализира преку Македонија. Во индустриска зона во близина на Куманово, ДМ Бау Интернационал ќе изгради голем комплекс составен од повеќе објекти за производство, монтажа и складирање, со вкупна површина од околу 35.000 метри квадратни под покрив.

За таа цел, во 2024 година компанијата купи земјиште со големина од околу 72.000 метри квадратни. Моментално таму се изведуваат првични земјени работи за нивелирање на земјиштето, по што, во текот на 2025 година ќе отпочне изградбата на нивните производни погони.

Ќе напоменам дека компанијата ДМ Бау Интернационал е во сопственост на наш сограѓанин, со потекло од Македонија, кој живее и работи во Швајцарија, но одлучи своите инвестициски планови да ги реализира токму во нашата земја.

Продолжуваме секојдневно да придонесуваме за развиена економија и да ги поправаме штетите и проблемите од катастрофалното владеење кое го наследивме од СДСМ и ДУИ.

Токму чекор по чекор доаѓаме и до историски највисоки резултати во привлекувањето на инвестиции од една милијарда евра годинава. Тоа е наша цел, ова нема да биде единствената инвестиција оваа недела, во текот на неделата ќе имаме уште една инвестиција, почнуваме со поставување на еден камен темелник, но за тоа ќе бидете информирани. Се обврзавме дека ќе работиме чесно и посветено. Поставуваме рекорди во услови на тешки гео стратешки, политички и економски услови, но сепак како нова Влада нашата цел е да испорачаме за граѓаните“, соопшти Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

234786586_397205545075467_2082182706027825334_n

Бензинските станици дневно снабдуваат до 2 милиони литри гориво, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

pat

Автопатите на Коридор 8 се градат според планот, домашни банки го обезбедуваат финансирањето за делницата Кичево-Охрид, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library4nrdaggd4qkn38SS4QA

Мицкоски: Струга се гради и развива, Владата продолжува со инвестиции тука

Македонија | пред 1 ден

market-3

„Нема да дозволиме не пазарно однесување на ланците на маркети“, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања