Македонија

Мицкоски одговори дали ќе менува министри

Премиерот Христијан Мицкоски, е задоволен како функционриа Владата. Смета дека тие функциораат добро во сооднос на сите предизвици кои ги наследиле. Тој одговори на прашањето дали планира реконструкција на Владата.

„Не очекувам дека до локалните избори би имало какви било интервенции во самата Влада, потоа не очекуваат локалните избори, потоа не очекува редовниот партиски Конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Можеби какви било инртервенции, освежувања во рамките на самата Влада би се случиле на почетокот на следната година, а ќе зависи од многу импути за да донесеме таква одлука“, рече Мицкоски.

Според него, наскоро многу работи ќе бидат појасни и на политички план, но и какви се перформансите на членовите на Владата.

На почеток