(Видео) Кој ќе нѐ лекува? Вработени на „Онкологија“ не веруваат дека ќе останат, нов кадар тешко се наоѓа
Кој ќе нѐ лекува? Треба да почнеме да си го поставуваме ова прашање. Докторите, техничарите, медицинарите – не гледаат иднина во Македонија. Екипата на „Претрес“ беше на „Онкологија“, каде вработените не го криеја своето разочарување.
„Не можам да кажам што ме задржало, но ова ми е како втор дом. Сигурно годините направија да останам тука. Не верувам и дали ќе останам до крај“, вели вработена која посочува дека иднината си ја гледа надвор од границите на Македонија.
„Ова ќе биде последната шанса“, додава таа.
На Клиниката често снемува лекови, а по скандалот дека се крадат – персоналот е постојано изложен на напади.
Репортажата од „Онкологија“ ви покажува еден систем полн со аномалии, непривлечен, запустен.