Македонија

Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче – ќе се изведуваат нови докази за злосторството

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје е најавено продолжение на судењето за грозоморното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на материјални докази од Обвинителство.

Денеска во суд треба да се појави и Гоце Трајковски, еден од клучните сведоци во судскиот процес за убиствата на Вања и Панчо. Тој беше во бегство и осомничен за палење кафуле, по што сам се предал во полициската станица во Кисела Вода. По него беше распишана потерница.

Тој на 15 ноември требаше да сведочи за неговата улога во потрагата по Вања, заедно со нејзиниот татко, но не се појави во судницата поради, како што го правдаше мајка му, панични напади. Трајковски, еден од клучните сведоци, заедно со таткото собирал видеоснимки, преземал активности за пронаоѓање на детето. Подоцна се дозна од Обвинителството на брифинг, дека тој има и својство на осомничен за подметнување на пожар, бидејќи на 13 ноември со уште три лица, запалиле кафуле кое било лоцирано во зграда во Кисела Вода.

На почеток