Македонија

Во Македонија се правеле фалсификувани евра: голема акција во тек, дојдени се меѓународни истражни тимови

Акција за запленување на фалсификувани евра спроведува Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со полицијата, со меѓународен тим.

„Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката. Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста“, велат од Обвинителството.

Од МВР засега не споделуваат информации и најавија детали за подоцна.

На почеток