Коментари

Сестрата на Фросина: За да нѐ дефокусираат од реалните трагедии, ботови на корупцијата праќаат лажни дојави за бомби-срамно!

Росица Кулакова, сестра на смртоносно прегазената Фросина Кулакова, се сомнева дека лажните дојави за бомби се со цел да се направи дефокус. Таа во статус на социјалните мрежи рече дека станува збор за срамен чин, а истовремено, изрази сочувство за Игор Југ, осуденк за 27 април кој почина.

„Сочувство до семејството на Игор Југ, уште една жртва на корумпираното судство. За да нѐ дефокусираат од реалните трагедии, ботови на корупцијата праќаат лажни дојави за бомби во училиштата. Нели ни е веќе видено ова сценарио? Со ефтини закани пробувате дополнително да ги исплашите веќе преплашените деца и родители. Срамно!“, напиша Кулакова.

На почеток