Македонија

За двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи и Гоце Трајковски

Во скопскиот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Се очекува да сведочи Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е исто онвинет. помагал во потрагата по неа, прибавувајќи видео снимки.

Трајковски е последен сведок на предлог на Обвинителството. Тој требаше да сведочи на почетокот од постапката, кога беа сослушани и другите сведоци, меѓутоа, поради здравствени причини, како што кажа мајка му Кираца Трајковска, тоа не се случи, а потоа не беше достапен на органите на прогон поради друго кривично дело. На 23 јануари 2025 година се предаде на полицијата и оттогаш е во притвор.

На почеток