Скопје

Во текот на ноќта кај 25 возачи е утврдено присуство на алкохол

Од страна на одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 23.00 часот на 13.10.2018 година до 05.00 часот на 14.10.2018 година е спроведена акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

„Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 188 возачи. Кај 25 од нив било утврдено присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, кон возачи преземени се вкупно 113 мерки. Исклучени се 25 возачи од сообраќај, времено се одземени 19 возачки дозволи, издадени се 39 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози“, велат од МВР.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток