Некатегоризирани

Јакимовски порача: Не им се плашиме, ќе ги тепаме

„Не им се плашиме, ќе ги тепаме“, порача денес од пред суд ексградоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот суд во придружба на полицијата. Тој качувајќи се по скалите покажа два прста и извика: „Ќе ги тепаме, не им се плашиме”,

Јакимовски утрово беше уапсен и изведен пред судија на претходна постапка.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за него побара мерка притвор, и тој во судот ја чека одлуката.

Јакимовски се товари за злоупотреба на службена положба, во постапка која ја отпочнало Основното јавно обвинителство. Постапката која ја води ОЈО се оеднесува на легализација на државно земјиште, кое бизнисмени го откупиле за пониска цена од реалната. Проневерата предизвикала штета од милион евра, а за ваквата последица Обвинителството го сомничи Јакимовски.
Ова е второ приведување на Јакимовски. Тој минатото лето беше приведен и однесен во судот поради истрага на финансиската полиција, а судијата донесе одлука да му се одземе пасошот.

Јакимовски е осомничен и во истрага на Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Хармонија“.

 

На почеток