ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Русковска, Кацарска и Трпков


И денеска владеачката партија реагира на состојбите во правосудството и останува на ставот дека државниот обвинител Љупчо Коцевски мора да биде разрешен.
,,Македонија се гуши во дивото месо посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија.Основаните сомнежи и впечатоци се дека синоним за политизирана правда се постапките на екс обвинителката Рускоска која со дежурните судии за 27 април Добрила Кацарска и Илија Трпков, станаа синоним за тоа како изгледа политички инструираното судство и обвинителство. Иако тие мислат и се надеваат дека нивните злодела ќе бидат заборавени и затскриени, Македонија не заборава.
Политичките партии СДС и ДУИ си најдоа кој да обвинува, кој да суди. Потоа дури Кацарска ја унапредија и за Уставен судија, а судијата Илија Трпков држи политички говори за 27 април.
На сите вакви и слични неправди печат стави нивниот сиамски близнак Љупцо Коцевски кој треба да биде разрешен, не само затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството, туку и затоа што е незаконски и поставува и разрешува кадри во својството делејки ги на подобни за неговите политички ментори и неподобни.Токму затоа СДС се толку загрижени и се против реформите во судството.Доаѓа време на правда, и на реформи на последното политичко упориште на криминализираниот дел од општеството во Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
