Македонија

(Видео) Коцевски ја предизвика Владата: Ќе се повлечам само ако навистина најдат дисциплинска повреда

Љупчо Коцевски засега не планира да поднесе оставка и ќе чека да види на писмено од Владата зошто сакаат да го разрешат. Им порача дека треба да се види по кои предмети постапувал незаконски, за да се произнесе.

„Јас не постапувам по предмети, не одам на судења, вршам менаџерска работа“, рече Коцевски, па додаде: „Откако ќе го добијам предлогот од Владата, да ги видиме основите во Законот за јавно обвинителство, па ќе се произнесам“, рече Коцевски.

Прашан дали оваа најавено разрешување го толкува како политички притисок, Коцевски рече: „Токму на тоа, доколку се исполнети условите согласно Законот, јас ќе си ја преземам обврската и ако навистина се работи за тешка дисциплинска повреда, јас ќе се повлечам. Доколку јас ценам, откако ќе го добијам предлогот, иницијативата. Но од она што го слушнав во јавноста – нема никаква дисциплинска тешка повреда“.

На почеток