Македонија

Кочани: Веќе кружат видеа од пред куќите на починатите, покажете почит, ова е човечка болка

Кочани одново замоли, да не се снимаат куќите на починатите, како и граѓаните кои немаат доволно солзи да ги доисплчат жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Како да напишеме, како да објасниме, како да ве замолиме? Дали и по оваа трагедија повторно треба да клекнеме на колена? Веќе сме клекнати… од болка, од тага, од немоќ. Почитувани новинари, медиуми, Не правете настан за гледаност од ова. Веќе кружат видеа од пред куќите на починатите, од нивните пријатели што со солзи ги подготвуваат за последното збогум. Ова не е приказна за кликови, ова е човечка болка. Почитувани граѓани, на ова тажно парче земја ве молиме, не ги споделувајте нивните видеа. Покажете револт, игнорирајте ги текстовите што ја претвораат трагедијата во сензација. Така ќе покажеме почит кон загинатите, кон нивните семејства, кон нашиот град. Молете се. Нека ни даде Господ сила на сите“, стои во објавата.

На почеток