Нови претреси во Кочани, истрагата за пожарот и работата на диското „Пулс“ се проширува

Од
Објавено на

Истрагата по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се проширува, кажа премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали и во моментов се вршат претреси во простории кои се во сопственост на газдата на дискотеката и во канцелариите на подрачните служби на Државниот пазарен испекторат.
Според Мицкоски, досега статус на осомничени добија 34 лица, а Мицкоски речe дека станува збор за поединци за кои има и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај.
„Но ќе повторам, тука нема да застанеме, случајот ќе се проширува“, рече Мицкоски.
