Карадаковски бил во најтешка состојба: Таравари вели дка 60-та жртва на пожарот имала влошувања откако му откажале и бубрезите


Министерот за здравство, Арбен Таравари, соопшти дека Александар Карадаковски, кој е 60-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, бил најкритичниот пациент кој бил на лекување. Нему, му откажале и бубрезите при лекувањето.
„За жал, утрово, пред два часа, ја добив лошата вест дека еден пациент е починат во Литванија, кој беше од тие четири пациенти, најкритичниот. Од први април му откажаа и бубрезите, беше ставен на дијализа, утрово ја добив информацијата дека починал“, рече Таравари.
„Пациентот што почина, 40 отсто од телото му беше со изгореници. На крајот, главниот проблем беше инфекцијата која што ја добив поради огромна површина на рани кои ги имаше на телото. Да се надеваме дека другите критични ќе поминат подобро и да ни се вратат во државата“, додаде Таравари.
Според информациите од Таравари, во критична и лоша состојба се уште тројца пацинети. Кај нив, повремено се забележуваат подобрувања, но и влошувања на состојбата.
За Карадаковски е познато дека беше осомничен од страна на Обвинителството кое води предмет за сите причинско-последични врски поврзани со пожарот. Тој е и управител на правното лице „ММММ кафе ДООЕЛ“, но само на хартија, бидејќи во реалноста, бил шанкер.
