Кешишев ја „одмотува“ мрежата со негови тврдења за Вања; Туфегџиќ: Се разговарало ли за грабнување на повеќе лица, пред грабнувањето на Вања?


Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, продолжија со испрашување на обвинетиот Влатко Кешишев. Прв започна адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски, кој во Обвинителство призна вина, а пред судот посочи дека ниту учествувал, ниту знае нешто за убиството на двете лица.
Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев: Од каде тргнаа и по која рута се движеа за време на убиството на Панче Жежовски?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Во Велес јас ги чекав кај пругата, кај црниот паркинг. После саат време мислам дојдоа кај мене, ставивме гориво во ‘цитроенот’ потоа влезе Вилибор со мене во ‘кангуто’ за да ми кажува по кој пат да возам. По нас доаѓаа Палчо и Боре со цитроенот. По стариот пат Велес-Скопје, стигнавме до самиот пункт, Вељо излезе од ‘кангуто’ и појде со нив, со ‘цитроенот’ до јамата. Ги чекав околу пола саат и потоа дојде Велибор, седна покрај мене во ‘кангуто’ и ми кажа каде да возам. Се спуштивме покрај самиот пункт да излезе на автопатот и ми кажуваше каде да возам. Се приклучивме на стариот пат за Катланово, по нас доаѓаа Палчо и Боре со цитронот. На растојание. Бидејќи имаа комуникација со моторолите. И стигнавме до првата населба, Маџари мислам се вика и ми кажаа: ‘на паркингот’. И тогаш стигнаа Палчо и Боре се паркираа позади нас. Палчо ги избриша возачот и мењачот во ВД 40, потоа влезе во кангуот покрај него беше Боре, а позади бевме јас и Вељо.
Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев: Кога стигнавте во Велес каде се наоѓа тој паркинг плац и дали ги поминувате бензиските пумби?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Ние не влеговме во Велес, последниот тунел каде што е пред Велес, по индустриска зона и таму стигнавме до тој плац, каде што е блиску до пругата. Но не сме влегле во Велес.
Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев: Во својот исказ кажа дека после убиството на Вања он ги фрлал лопатите. Може ли да појасни каде ги фрлал?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Од кога излеговме од местото, се приклучивме на асвалтот, имаше едно 500 метри од патот. Ми кажа мене Палчо да ги фрлам во еден дол со капини. Јас ги фрлив, мене ми рекоа.
Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев: Дали пред убиството на Вања биле во обиколка на зградата каде што живее девојчето?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не сум бил на обиколка, првиот пат кога се проба, вториот пат кога се изврши сум бил, инаку не сум бил во обиколка а не знам дали биле они.
Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев: Дали знае колку влеза има зградата?
Обвинетиот Влатко Кешишев: 2, од каде да знам.
Потоа, прашања поставуваше и адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Кажавте дека една година пред грабнувањата и настаните во Велес и Скопје сте биле присутни во штабот во Скопје каде се правеле планови за грабнување со кои не сте се согласувале, дали во ваше присуство имало разговори за повеќе лица кои требало да бидат грабнати пред да се донесе одлука за грабнување на особата во зградата во Скопје?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Знаев дека првиот пат кога ја ископавме дуппката дека ќе биде наметнета за киднапирање на луѓе, на човек, после тоа немаат разговарано за други работи до тоа што се случи во Панче. Да имав слушано муабети, не се правдам, не ме интересираше. Помина долго време од кога се правеше тој муабет а немаше ништо. Јас не се правдам, не но го сфатив тоа здраво за готово, се додека не се случија тие работи.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Кога се вративте со ‘цитроенот’ од Велес во Скопје кога за прв пат слушнавте договарање на друга особа?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Мислам дека тоа беше првиот пат кога немаше успех. Потоа вториот пат, се случи тоа.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: На 15.12.2023 ќе кажете пред јавен обвинител: ‘По ден ипол околу пладне дојдоа Велибор и Боре, го донесоа ‘кангуто’ и тогаш се договараа за грабнување на особа женска а на која не знам. Дали тоа е точно?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не се сеќавам точно, не ескивирам и не лажам за тоа.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Колку состаноци имало за грабнување на особата од зградата во Скопје?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Па не знам колку точно, неколку пати кога доаѓашe Велибор во штабот, се почнуваше таа тема.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Kолку временски траеле овие состаноци?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Јас не бев присутен до крај, не се правдам ама не знам колку долго.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали сте слушнале некои од присутните da разговарале со таткото на особата што треба да се грабне?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не тука во судница слушнав прв пат, од Велибор или не знам кој.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Што мислевте вие зошто треба да се грабне таа особа?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не мислев ништо, бидејќи не го сфатив сериозно тоа додека не се случи.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали знаевте или слушнавте од кого треба да се бараат пари за грабнатото лице?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не знам тоа беше договор меѓу нив.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали ја видовте сликата од особата која требаше да биде грабната?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, кога се вративме во штабот на ФБ ја видов сликата од детето, до тогаш немав видено никаква слика.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Кога за прв пат дознавте за таткото на детето?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Кога го доведоа во притвор слушнав дека разговарале со таткото на детето. Во притвор слушнав дека се вика Александар.
Дали вие еслушнавте или видовте како Љупчо Палевски како разговара со Александар Ѓорчевски? Не го слушам ниту го пратам со кого разговара.
Дали знаевте дека пред зградата нема камера? Не знам, не сум информиран.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали денот кога е грабнато детето имавте мобилни телефони или само радио станици?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Никој немаше телефон беа само трите радио станици.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Каде го оставивте мобилниот телефон пред да тргнете да ја грабнете особата од зградата во Скопје?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Сите телефони мислам беа во штабот.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали слушнавте дека некој кажал дека некој кажал дека девојчето е погрешка грабното и дека не требало да биде грабното?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не бидејќи бев на 20-тина метри поставен за стража и немав слушнато разговори.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали некој во ваше присуство пред убиството се јавил на мајката и таткото на детето?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не знам, не сум видел не сум слушнал.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали по убиството некој ги спомена мајката и таткото на детето?
Обвинетиот Влатко Кешишев: Не сите ќутеа, и јас.
