Скопје

Беџети тактизира – под притисок вели дека нема да ги легализира дивоградбите на Матка

Градоначалникот Блерим Беџети, под притисок на јавноста но и на централната власт се премисли и најави дека платформите поставени на Матка за кои самиот кажа дека се дибоградби нема да бидат легализирани бидејќи општина Сарај ќе ги одбие поднесените барања.

Сепак кога барањата ќе бидат одбиени, Беџети не кажа конкретно, бидејќи нема прецизен законски рок во кој Општината треба да одлучи.  Беџети смета дека случајот со платформите дивоградби сака да го искористи Град Скопје кој сака да ги одземе ингеренциите на Сарај и да формира јавно претпријатие кое би стопанисувало со Кањонот Матка.

Инаку Амет Саиди и Исмаил Саиди се двајцата инвеститори кои што бараат легализација на дивите платформи на кањонот Матка.

Од Град Скопје велат дека ниту се надлежни ниту можат да одземаат ингеренции на општина Сарај, за јавното претпријатие кое треба да управува со Матка велат се уште немаат конкретни информации во чии ингеренции ќе биде.

Дополнително во непосрдна близина на дивите платформи се води уште еден спор за објект чијашто легализација веќе е поништена а сопственоста на објкетото ја спорат Федерацијата на планинарски спортови и Македонската православна црква. За случајот со дивоградбите на Матка министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски најави дека утре ќе ги повика сите инспекциски служби надлежни за случајот.

На почеток