„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Мицкоски: Во првиот квартал од годината за 5 проценти е зголемен извозот на земјоделски производи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
12082024_MICKOSKI

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање како и дали се следи извозот на земјоделски производи поврзано со Полог, кој важи и е претежно земјоделски крај, информираше дека Владата, токму во земјоделство вложи исклучително многу, при што се вратија и старите долгови. Изрази ветување дека Владата ќе продолжи со поддршка на земјоделците и во следниот период.

„Да, апсолутно. Исклучително многу вложивме и во делот на земјоделието. Кај земјоделците, навистина, доста трансфери се направија изминатиот период и се вратија долгови од минатото. Веќе од оваа година ќе почнеме тековно да ги сервисираме обврските“, рече тој.

— реклама —

Премиерот напомена дека е направен голем чекор напред, со тоа што во првиот квартал од годината речиси за 5% е зголемен извозот на земјоделските производи.

— реклама —

„Во првиот квартал од оваа година, скоро за 5% е зголемен извозот на земјоделски производи. Кај тутунот се постигна историски рекордна цена, и кај останатите земјоделски производи. Но, исто така и во овоштарството. Така што можам да кажам дека тука е направен голем чекор напред. Но, тука не застануваме – продолжуваме понатаму. Убеден сум дека во периодот којшто следи ќе постигнеме уште подобри резултати, бидејќи тоа влегува во бруто-домашниот производ, и тоа е многу важно за да се развиваме во правилна насока. А ние, како Влада, ќе продолжиме да ги поддржуваме земјоделците“, објасни премиерот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

234786586_397205545075467_2082182706027825334_n

Бензинските станици дневно снабдуваат до 2 милиони литри гориво, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

pat

Автопатите на Коридор 8 се градат според планот, домашни банки го обезбедуваат финансирањето за делницата Кичево-Охрид, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

media-library4nrdaggd4qkn38SS4QA

Мицкоски: Струга се гради и развива, Владата продолжува со инвестиции тука

Македонија | пред 2 дена

market-3

„Нема да дозволиме не пазарно однесување на ланците на маркети“, вели Мицкоски

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања