(Видео) Расправија, навреди, дерење: Боки 13 и се јави на Рускоска во живо


Бојан Јовановски-Боки 13 вчеравечер во живо и се јави на ексобвинителката Вилма Рускоска, која го гонеше во предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. Во текот на осум минутниот разговор, Боки 13 ја праша Рускоска дали мирно спие по сите гревови кои ги направила, на што таа одговори „мирно спијам“. Потоа, имаше навреди.
„Дали ти мирно спиеш покрај сите луѓе што си ги измамил“, праша Рускоска, а Бојан Јовановски рече: „Како може вие мирно да спиете покрај такви намештаљки и се што имате направено. Вие сте најголемиот срам на македонското правосудството“.
Тој ја праша Рускоска како го наместила предметот „Рекет“ и дали слугувала на Заев: „Не, не слугував на никого. Јас слуга не бев на никого. А ти си измамник“.
Потоа, Боки 13 рече: „Вие не сте биле слуга, јас имам доволно респект спрема гледачите и затоа ве персирам и би ви кажал што имам на еден вулгарен начин“, а таа му врати: „Јас не знам па кој тебе те гледа.. Не знам кои гледачи тебе те гледаат..“
Боки 13 на ова одговори дека има свои 120.000 следачи на „Инстаграм“, па ја праша ексобвинителката дали е трезна, на што таа одговори: „Апсолутно“.
„Тоа е ексклузивна состојба кога си трезна“, рече Боки 13.
„Гледај си го твојот двор, имаш некој многу близок, не можеш други да правиш алкохоличари“, рече Русковска.
„Мојот вујко не е јавна личност. Ти си ноторен алкохоличар. Знам дека кај мене на прослава се вртеше како рингишпил“, врати Боки 13, а Русковска вика: „Како да не, не станав од маса“.
„Сведоци од полицијава велат дека одвај те носеле по скали“, рече Боки 13, а Русковска врати: „Абе оди бегај, абе дали тебе некој ти верува. Нема човек што не си го измамил“.
Тој ја праша и каде се парите од Јордан Камчев.
„Торбата ја лоциравме. (н.з.) беа сликани кај мајка ти и татко ти дома“, рече Русковска, а тој рече: „Такво нешто не постои“.
Потоа Боки 13 ја нарече Рускоска „опасен лажов“, а таа врати: „Како не ти е срам?“, на што Боки 13 рече: „Како тебе не ти е срам, хохштаплерке“.
Русковска му рече: „Па не може секој измамник да биде“, а Боки 13 врати: „Не може да биде секој алкохоличар и недоветен обвинител“.
