Магазин

Единаесет години без Тоше

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред единаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Како и во изминатите десет години, маратонци од повеќе градови од Македонија во чест на Тоше ќе трчаат маратон и денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште.

Оваа година на 5 октомври не се одржа манифестацијата „Ѕвездено небо за Тоше“ која фановите на Тоше во изминатите десет години ја организираа на плоштадот „Македонија“ во спомен на неговиот последен и хуманитарен концерт што го одржа на 5 октомври 2007 на Градскиот стадион. „Ѕвезденото небо“ не се одржа зашто се подготвува голем концерт посветен на Тоше на 2 номеври, со настап на пејачи од Балканот. На концертот треба да биде промовиран и албум со необјавени песни од Тоше Проески, насловен „Secret place”.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран (The Hardest Thing).

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток