Македонија

(ВИДЕО) Нов пожар на влезот од Охрид – според ЦУК во земјава активни 12 пожари

Пожар на влезот од Охрид. Пожарот е активен и во моментов противпожарната екипа прави се да го локализира и изгасни истиот.

За потсетување пред само три дена  имаше  голем пожар на охридското крајбрежје кај „Андон Дуков во кој“ изгоре површина од над 10.000 метри квадратни. Пламените јазици уништија бараки, шупи, трска, голем број дрвја, обработливи површини.

Од охридската Противпожарна служба неколку часа се бореа со огнената стихија, која беше тешко да се контролира поради ветрот.

Но не само овие во земјава активни се неколку поголеми пожари. Гори во источните делови на земјава кај Саса и Македонска Каменица и во преспанско охридскиот регион  сеуште активни биле неколку пожари меѓу кои во парк шумата Галичица и резерватот за ретки птици Езерани. Во скопско има еден пожар кај Бутел информираат од дирекцијата за заштита и спасување.

Според Центарот за управување со кризи активни се пожари најмалку на 12 локации на цела територија, се користат авиони за да се спречи ширење.

Инаку не само овој за само неколку денов на терироријата на општина Охрид и охридско за многу кратко време беа предизвикани повеќе пожари кои предизвикаа голема штета.  Токму поради тоа се одржа работен состанок помеѓу на претставници на СВР со претставници на Терериторијалната противпожарна единица, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за шумарство, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие-шумско стопанство „Галичица“, шумската полиција и на Центарот за управување со кризи. Притоа, се договорија конкретни плански и зачестени координирани мерки на сите служби и поефикасна меѓуинституционална соработка како и нагласена и доследна примена на законските казнени одредби кон лицата кои ќе бидат затекнати како подметнувачи и предизвикувачи на пожари.

Нов пожар на влезот од Охрид

Нов пожар на влезот од Охрид

Posted by skopje1.mk on Saturday, March 30, 2019

На почеток