🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Коцевски бара повеќе пари од буџетот, многу пари се потрошени за вештачењата за Онкологија и Пулс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски пред Комисијата за финансирање и буџет упати апел за зголемување на буџетските средства на Јавното обвинителство. Сегашниот износ смета дека е недоволен за исполнување на основните функции и на реформските обврски.

— реклама —

Тој посочи дека поради зголемените трошоци за вештачења, како и поради недостиг на стручни кадри, Обвинителството се соочува со сериозни предизвици, особено во сложени предмети, како „Онкологија“ и трагедијата во Пулс во Кочани.

„Сите сте свесни дека трошоците на Обвинителството по основ на вештачења минатата година значително се зголемија. За предметот„Онкологија“ беа изработени две обемни и скапи вештачења во странство. Трагедијата во Кочани, сите трошоци за анализа на обемниот доказен материјал, за обдукции, за истражни дејства, за сложени мултиинституционални вештачења – сѐ ова падна на товар на Обвинителството. Во најава се уште неколку предмети во кои, поради недостиг на стручни лица од соодветна област во нашата земја, вештачењата ќе треба да се бараат во странство, а странските институции веќе бараат претходни гаранции дека сработеното навремено ќе им биде исплатено“, рече Коцевски.

— реклама —

Коцевски укажа дека поради забрана за нови вработувања веќе трета година, како и одбиен годишен план за вработување за 2025 година, екипираноста сериозно е влошена.

истакна дека минималниот законски предвиден износ од 0,4 отсто од вкупниот државен буџет не е целосно доделен и дека средствата за 2025 година изнесуваат речиси половина од оваа сума.

Тој посочи дека вложувањето во правдата е вложување во стабилноста и владеење на правото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6djppjqu1g046lzlSwv

Од забава за добредојде со државни пари до тивка оставка: Како замина Љупчо Коцевски од Обвинителството

Македонија | пред 17 часа

media-libraryd6tgmsuqcgrqe46kQ7i

Кој ќе се фати во костец со „жешкиот костен”, за позицијата која обвинителот Прчевски ја нарече дека е за „будала“

Македонија | пред 1 ден

TUFEGDZIK-KAMBOVSKI.03_32_57_26.Still004

“Заминува обвинител кој броеше обвиненија, а не резултати”, жестока критика за Коцевски

Македонија | пред 1 ден

kocevski1111

Коцевски заминува со обвинувања за политички притисок врз обвинителството: Се удира врз правната држава

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања