Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Научници: Недоволниот внес на вода ја зголемува реакцијата на стрес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
lugje-karpos-esen-korona-1

Луѓето кои не пијат доволно вода имаат посилна биолошка реакција на стрес, покажува ново истражување на Универзитетот „Џон Мурс“ во Ливерпул (LJMU).

— реклама —

Студијата опфатила 32 испитаници – половина кои пиеле помалку од 1,5 литри вода дневно и половина кои ги исполнувале препораките за дневен внес на течности. Според Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), мажите треба да внесуваат околу 2,5 литри вода, а жените најмалку 2 литри.

Во период од седум дена научниците ја следеле хидратацијата на испитаниците преку примероци од урина и крв, а потоа тие биле подложени на „стрес тест“ во лабораториски услови – лажен интервју разговор за работа и задача со ментална аритметика пред панел од тројца „испитувачи“ во бели мантили.

— реклама —

Професорот Нил Волш го опиша тестот како „навистина вознемирувачки“. Иако и двете групи покажале слични реакции како зголемен пулс, суви усти и тремор, клучната разлика била во биохемиските показатели. Кај оние со низок дневен внес на вода, нивото на кортизол – примарниот хормон на стрес – било значително повисоко.

— реклама —

„Знаевме дека луѓето кои не внесуваат доволно течности се веројатно лошо хидрирани. Но, не беше познато дали нивната реакција на стрес ќе биде поразлична. Сега видовме дека тие навистина имаат многу повисок одговор на хормонот на стрес,“ објасни Волш.

Прекумерното лачење на кортизол е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес и депресија. Научниците заклучуваат дека одржувањето на соодветна хидратација може да помогне за подобра контрола на стресот и да има долгорочни придобивки за здравјето.

— реклама —

„Држењето шише вода во близина, особено во стресни периоди, е мала навика што може да донесе голема корист,“ препорачуваат авторите на студијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Денеска без вода делови од Гази Баба и Центар

Скопје | пред 10 часа

— реклама —
media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

И во Центар утре ќе нема вода, прекинот започнува во 10 часот

Скопје | пред 1 ден

nema-voda

Повеќе улици во Гази Баба утре без вода поради интервенции на водоводната мрежа, проверете дали сте на списокот

Скопје | пред 1 ден

regulatorna

Утре од 08:30 часот прекин на водата во дел од Чаир, проверете дали сте на списокот

Скопје | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања