Промени тема
Контакт

Дипломатски скандал: Салвини до Макрон – „Оди сам во Украина со шлем и пушка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Дипломатски скандал ја потресе Европската унија по изјавата на лидерот на италијанската Лига, Матео Салвини, кој порача дека „Макрон сам треба да оди во Украина со шлем и пушка“. Изјавата ја даде за време на состанок во Милано, одговарајќи на прашање за можноста Италија да испрати војници во Украина, пренесува Corriere della Sera.

Француските дипломатски извори веднаш реагираа, оценувајќи дека зборовите на Салвини се „спротивни на климата на доверба и историските односи меѓу двете земји“. Во последниот период, официјален Париз и Рим водеа билатерален дијалог околу поддршката за Украина, кој, според француската страна, покажал силна соработка меѓу Франција и Италија.

— реклама —
— реклама —

Ова не е прв пат Салвини да упати остра критика кон францускиот претседател. Во март годинава го нарече „луд“ и го обвини дека ја „турка Европа во конфликт со Русија“.

— реклама —

Франција и Велика Британија предводат иницијатива за формирање „коалиција на доброволци“ која е подготвена да испрати трупи во Украина како гаранција за безбедност по евентуален мировен договор. Од друга страна, италијанската премиерка Џорџа Мелони јасно се спротивставува на оваа идеја и се залага Италија да не биде дел од ваквата воена операција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj2dhamtgveaifLZBkUY

ЕУ воведува дополнителна такса за малите пакети од земји надвор од Унијата

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarycbmt6hqm7jm63DfSn6u

ЕУ со нови правила за социјалните мрежи: Забрана за деца под 13 години и ограничувања до 18 години

Свет | пред 2 дена

ursula

Нова Европа, нови партнерства, но стара порака за Западен Балкан: „Членството е според заслуги“

Свет | пред 2 дена

fon-der-lajen

Фон дер Лајен ја повика Канада да стане првата придружна членка на ЕУ

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања