Македонија

Мицкоски бара од Џафери да се обрати пред пратениците

ВМРО-ДПМНЕ испратила барање до Собранието во кое се бара да му се овозможи на Христијан Мицкоски да се обрати пред пратениците за уставните измени.

„Со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од уставни измени што имаат суштинско влијание, политичката криза во која влегува нашата земја, како и значењето што овој период го има за иднината на Република Македонија, како и со оглед на сензитивниот момент, вниманието и контроверзите што ги предизвика оваа дебата во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во опозиција и чијшто претседател, проф. д-р Христијан Мицкоски, не е пратеник, а со тоа е оневозможен пред народните претставници да ги изрази своите погледи и ставови кон ова чувствително прашање, испраќаме барање да се овозможи негово обраќање на тековната пленарна седница по однос на предложените уставни измени“, стои во дописот до Собранието. Партијата ова барање го темели на правото што го овозможува Деловникот за работа на Собранието, според кој согласно со член 72, став 2 од Деловникот, претседателот на Собранието да (цитираме) ‘може да покани на седницата на Собранието да присуствуваат и во работата да учествуваат претставници и на други органи и организации”, пишува во дописот од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието.

Мицкоски во сите свои настапи досега кажа дека  никој од ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени со цел промена на уставното име.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток