Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Прислушувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
unnamed-2

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на состанокот посветен на партнерството за отворена власт порача дека најновите информации за незаконско прислушување не се личен напад врз него, туку директен удар врз демократијата и правото на слобода.

— реклама —

„Јас лично, тогаш како претседател на опозицијата, а денеска како премиер, заедно со новинари, медиуми, бизнисмени и јавни личности сме биле жртва на системот кој ги следел своите граѓани. Ова не е напад само врз мене, туку врз демократијата, врз правото на слобода, врз темелите на државата“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој истакна дека злоупотребата на безбедносните служби нема да остане без одговорност и најави правна разрешница. „Нема да има селективна правда. Ќе има одговорност. Ќе има правна разрешница. Времето на недопирливи заврши“, порача премиерот.

— реклама —

Мицкоски додаде дека партнерството за отворена власт е најсилниот одговор на ваквите злоупотреби, бидејќи, како што рече, „каде што има светлина, нема простор за сенки“.

— реклама —

„Нашата визија е да изградиме држава со силни институции, модерна администрација и економија што расте, со општество што верува во демократијата. Македонија стои цврсто на патот на реформите, на европската интеграција и на борбата против корупцијата. И од тој пат назад нема“, нагласи премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски од Германија: Ги продлабочуваме економските врски, целта се нови инвестиции

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски по изборите во Брвеница: Растот е јасен, но недоволен за целосна победа

Македонија | пред 1 ден

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 3 дена

media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања