Главниот уредник на Телма, Атанас Кировски со известување им забранил на вработените да објавуваат политички коментари, мислења и статуси кои не се одобрени од него и другите уредници.
“Вработените во ТВ Телма ја претставуваат телевизијата. Било каков политички став, коментар или мислење на одредени теми се интерпретира како став на телевизијата, а не како личен став на вработените во ТВ Телма. Од тие причини се забрануваат коментари, мислења и анализи на фејсубук и твитер профили, како и на други социјални медиуми, кои не се одобрени од уредничкиот колегиум на ТВ Телма”, пишува во известувањето потпишано од Кировски.
Со ова, Кировски ги цензурира вработените јавно да го кажат својот став, коментира јавноста, а реакции има и од новинари вработени во други медиумски куќи.
Според информациите на “Скопје 1”, ова известување потпишано од Кировски е објавено од пред извесен период, а цел на потсмев на социјалните мрежи.
Кировски ќе ги сакнционира вработените кои нема да го почитуваат неговото упаство за користење на сопствените профили на социјалните мрежи.
“Во иднина, каков било коментар ќе биде санкциониран”, се дополнува во известувањето.